Магдебург без една ѕвезда на Ф4

foto: Liqui Moly Handball Bundesliga

Беше најавено и се очекуваше, денеска официјално е потврдено дека екипата на Магдебург нема да може да смета на една од своите ѕвезди на овој Ф4 турнир.
Против данскиот Алборг, шампионот ќе игра без данска ѕвезда - Михаел Дамгард. Овој дански голгетер дојде во Магдебург во 2015 година со него тимот има освоено три Супер Глоуба, еден шампионски пехар во ЛШ, еден во Европската лига, двапати стана првак на Германија и еднаш освои Куп на Германија. 

Имаше многу важна улога во формирањето на системот на Бенет Вигерт, тој беше играчот што решаваше сѐ кога беше потребно, постигнуваше и по десетина гола на натпревар, но откако се промеи и подобри системот на игра, во а во екипата дојдоа Гисли и Клар, улогата на Дамгард се менуваше и тој се адаптираше на системот, иако и натаму остана голгетерот на кому се верува кога треба да се „шутне“. 

Михаел Дамгард го повреди рамото и не е во моментов спремен за настап. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk