Ф4 на ЕХФ, не мрда од Келн

foto © Lanxess-arena

Европската ракометна федерација во 2008 година одлучи да го промени форматот на играње во Лигата на шампионите и воведен Фајналфор турнир, а за прв град-домаќин го одбра германскиот Келн и „Ланксес Арена'“, сала со капацитет од над 19.000 гледачи.
Тоа се покажа како полн погодок. Градот и салата се станаа заштитен знак за врвниот ракомет, условите се одлични, сите се среќни и приказната продолжува.
Во пресрет на годинешниот Ф4, ЕХФ и Келн предвреме ја продолжија соработката и Ф4 ќе се игра во Катедралата на ракометот најмалку до 2029, односно ќе комплетира 20 изданија. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk