Последен ден пред Ф4 Келн: Спремни за спектакуларен викенд

foto> fcbarcelona

Дојде моментот да се одлучи победникот на годинешното издание на Фајналфор во Келн. Завесата ќе биде спуштена, но каква ќе биде нејзината боја? Црвена? Зелена? Црно-бела или во традиционалните бои на најуспшениот клуб на денешницата, шпанската Барса? 

Четирите најдобри екипи сезонава вчера пристигнаа во Келн, денеска ќе ја имаат традиционалната средба со медиумите, а утре почнуваат големите битки. 

На едната половина од боиштето се Магдебург и Алборг. За двата тима ова ќе биде второ учество на Ф4, со тоа што Магдебург во деби настапот стана европски шампион, а Алборг стигна „само“ до финалето.
На другата половина, двата најуспешни. За Барса 11 настап на Ф4, Кил по деветти пат ќе игра во Келн. Двата тима имаат во своите витрини шампионски пехари. 

Првиот дуел се игра со почеток од 15, вториот од 18:00 часот. Сите натпревари ќе можете да ги следите со коментар на македонски јазик на МТВ - 3.

КЕЛН, Ф4
Полуфинале (8.6.2024)
15:00  Магдебург - Алборг (МТВ - 3)
18:00  Барса - Кил (МТВ - 3)
Финален ден (9.6.2024)
15:00  Меч за трето место (МТВ - 3)
18:00  Финале (МТВ - 3)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk