Стоп за странски голмани

Саудиска Арабија одлучи следната сезона да им забрани настап во своите клубови на голмани од странство. На тој начин се надева дека домашните голмани ќе го подобрат својот перформанс и ќе го кренат нивото од кое челниците на нивниот ракомет не се задоволни.
Во целиот случај, најоштетена ќе биде екипата на Ал Сафа која сезонава ја водеше поранешниот селектор на Македонија Данило Брестовац, а му асистираше исто така македонски тренер, Алексо Лембанов.
Ал Сафа на тој начин ќе остане без екс пелистерецот Карим Хендави кој има и уште две години од договорот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk