Лазаров: Одиме по потешкиот, но исправниот пат

Алкалоид со завршна прес конференција и коктел дружење денеска ја заокружи третата сезона во својата историја. Клубот е задоволен од оствареното сезонава и најави дека нема да отстапува од зацртаниот пат. 

Клубот е формиран пред три години, но ние го одбравме потешкиот, но знам дека е вистинскиот пат, иако се соочуваме со многу препреки. Го одбравме македонскиот пат, работиме добро и за клубот, за државата, за македонскиот спорт и македонскиот ракомет. Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме по тој пат иако воопшто нема да биде лесно, затоа што нашите најголеми конкуренти во македонската лига која од година во година расте, тоа се Еурофарм Пелистер – сезоната ја започна со 10 до 12 странски засилувања, Вардар, клуб со големо реноме и традиција – имаше осум странски играчи, интернационалци, ГРК Охрид – кој дојде до бројката над 10 странски играчи оваа сезона и исто да го споменам ГРК Тиквеш кој имаше шест странски засилувања. Ние како клуб со само еден странски играч успеавме да бидеме рамноправни во изминатите три години и рамо до рамо да се носиме со клубови од овие размери коишто многу вложуваат и ние сме благодарни за тоа, затоа што само така може да се развива ракометот и спортот во Македонија. Ама како што кажав, го одбравме потешкиот пат, па бараме разбирање и поддршка затоа што се соочуваме со многу предизвици. 


Завршивме сезона која беше посебна за нас за многу работи, затоа што имавме многу нови предизвици. Се соочивме со нови моменти, како настап во Европа, кој настрана спортскиот и резултатскиот дел, бараше од нас и друг пристап којшто е организациски. Нашата сениорска екипа успешно се претстави во Европската лига на ЕХФ каде игравме со реномирани противници и ги освоивме првите бодови. Успешно и на високо ниво одигравме три европски средби и го положивме тој организациски дел со голема оценка.
На домашната сцена изборивме место во Европа, а посебна сатисфакција е освоениот Куп на Македонија. Посебно не радуваат успесите на младинските категории, во кои станавме прваци во пионерска, кадетска и младинска категорија. Со макотрпна, но стратегиски успешна работа, изградивме систем во кој сите се вклопија. Успеавме на ракометарите да им вградиме победнички менталитет, тоа ни донесе и успех“, изјави претседателот на клубот Горан Минов.

Тренерот на екипата Кирил Лазаров имаше обемно излагање во кое потсети дека Алкалоид за разлика од директните ривали кои имаат од пет до 10+ странци во екипата е конкурентен, иако има само еден странец во тимот.
„Лани завршивме на второто место и обезбедивме место во Европската лига на ЕХФ, втора по квалитет по Лигата на шампионите, кадешто се испробавме и увидовме дека се уште не сме кадарни да победуваме секогаш. Но, успеавме и поркај силните противници од Шпанија, Данска и Србија, да дојдеме до прва историска победа на домашен терен и прв историски бод на гостински терен со шпанска Ла Риоха.



Оваа сезона имавме доминантно претставување во првиот дел, завршивме со 14 победи на 14 меча, а потоа успеавме да осовиме и титула во Купот во кој во неполни 72 часа, чесно и посветено, ги победивме двата најконкурентни тимови. Тоа е голем успех за нас и голема сатисфакција за во иднина дека треба да продолжиме по тој пат и да веруваме, но истовремено да знаеме дека патот ќе биде уште потежок.
Завршивме на третото место, излеговме во Европа, за нас Европскиот куп на ЕХФ, е вистинскиот и се надевам дека таму ќе бидеме повеќе компетитивни и ќе минеме повеќе кола. 

Посебно ми е драго што успеавме да направиме успеси во младинските категории. во иднина апелирам до раководството на клубот уште повеќе да се вложува во овие категории затоа што тоа е иднината на македонскиот ракомет. Апел до другите клубови да не гледаат конкуренти во нас, туку да го следат примерот инвестираат во млади играчи, затоа што само така може ракометот да го задржи приматот спорт број еден.“, изјави Лазаров.



Од екипата до овој момент потврдено заминуваат голманот Василевски и крилото Кофилоски, а наскоро ќе бидат објавени и други новости околу играчкиот кадар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk