Романија сака четири тима во ЛШ

Романија сака следната сезона во Лигата на шампионите да има четири свои претставника. Динамо Букурешт аплицираше за валјд карта во машката Лига на шампиони и по ланското одбивање, годинава има сериозно поголеми шанси да добие покана.
Имаат стабилен буџет од неколку милиони, составија екипа од познати и атрактивни имиња, стигнаа до Ф4 на ЕХФ Европската лига, немаат проблем со ТВ преноси, лесно се патува дотаму, единствениот проблем беше салата. Сега имаат алтернатива и за тоа и единствено каприц на ЕХФ може да ги спречи да играат во ЛШ.

Другите три екипи што сакаат да играат во ЛШ се во женска конкуренција. ЧСМ Букурешт има гарантирано место, Рапид Букурешт сосема извесно ќе добие вајлд карта, но амбиција да игра со најдобрите има и Глорија Бистрица. И тие имаат буџет повисок од два милиона евра и нема да биде многу чудно ако им пројде апликацијата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk