Почна продажба на билетите за СП за Вараждин

Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) во координација со другите два организатори на СП и со Светската ракометна федерација денеска ги пушти во продажба билетите за натпреварите од Светското првенство што ќе се играат во Вараждин, Пореч и групата од „Д“ од Загреб во која не игра Хрватска. 

Цените на влезните билети, дневна карта што важи за двата натпревари изнесуваат 50 и 70 евра. Овие цени се однесуваат само за натпреварите од Прелиминарната рунда во која Македонија ќе игра со Унгарија (15 јануари), Холандија (17 јануари) и Гвинеја (19 јануари).

Билети можат да се набават преку веб страната ULAZNICE.HR односно со клик на линкот.

БИЛЕТИ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ВАРАЖДИН - ЛИНК

Треба да се води сметка дека едно лице може да купи само четири билети при што ќе треба да остави и лични податоци. 

Арената во Вараждин собира околу 5000 гледачи, но имајте предвид дека таму ќе бидат и унгарските навивачи кои се географски многу блиску до градот. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk