ЧСМ го краде селекторот на Норвешка

Екипата на ЧСМ Букурешт од сезонационално освената шампионска титула во ЛШ во 2016 за голем процент го зголеми буџетот, носеше многу попознати имиња во својот тим од тие што ја освоија титулата, но не успеа да го повтори успехот. Годинава, не беше ниту на Фајналфор, па следеше разделбата со тренерот Ади Василе. 

ЧСМ Букурешт е екипа што финансиски е во самиот европски врв, па нивната тренерска позиција е атрактивна од од натпреварувачки аспект, но и од финансиски. Затоа речиси сите тренери во женска конкуренција се нивни потенцијални мети, а романските медиуми (Проспорт) велат дека клубот фрлил око на најуспешниот селектор во последната деценија. 
Тоа е селекторот на женската репрезентација на Норвешка, Торир Хергеирсон, исландски стратег кој има 15 медали од СП, ЕП и Олимписки игри. 

foto: Prosport

Поврзани вести