Хрватски пикер во Е. Пелистер

Од битолски Е. Пелистер на крајот на сезоната заминаа седум ракометари, главно со истечени договори, а меѓу нив и Денис Васиљев и Матеуж Пјеховски, двајца ракометари кои играа на позиција пикер. 
Не се чекаше многу, денеска објавија кој доаѓа на линијата следната сезона. 
 

РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека потпиша двегодишен договор со хрватскиот кружен напаѓач, Кајо Цикатиќ. Овој 24-годишен кружен напаѓач, висок 197 сантиметри и тежок 107 килограми, доаѓа од хрватскиот прволигаш Горица.
Цикатиќ е роден во Дубровник, беше дел од Загреб и хрватските младински категории, а сега првпат ќе игра надвор од хрватските граници.
Неговото претставување е предвидено на крајот на јули во Битола, со почетокот на подготвките за сезоната 2024/25.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk