-
03.06.2024
-
Вести, Трансфери
Веста дека Хавиер Пасквал, шпанскиот тренер на Динамо Букурешт заминува од клупата на романскиот првак утрово беше лансирана, вечерва доби официјална потврда.
Хавиер Пасквал веќе не е тренер на Динамо Букурешт. Тој напиша и подолга порака за романските фановите, истакнувајќи дека направил правилна одлука кога пред три години дошол во клубот, а сега сетилата му велат дека треба да продолжи понатаму и им се заблагодари за сите убави моменти.
Романскиот клуб не беше спремен за ваквиот епилог. Тие ангажираа играчи на барање на Пасквал, а и преговараат со играчи при што славниот тренер требаше да биде магнетот за да дојдат.
Сега чекаме, приказната да продолжи да се развива како што беше најавено.
Хавиер Пасквал неофцијално за сума од 200.000 евра отштета заминува од Динамо во Веспрем, а тоа значи крај за Момир Илиќ на клупата на унгарскиот клуб, а со него и неговиот стручен тим и веројатно и дел од управата ќе замине.
Но, Динамо не беше ниту неспремен, очигледно знаеја за преговорите што ги води Пасквал за заминување па навреме бараа алтернатива во случај ова сценарио да се реализира.
Новото име на клупата на Динамо треба да биде Давид Дејвис, поранешниот тренер на ЖРК и РК Вардар, потоа селектор на Египет, тренер на Веспрем, асистент во руската репрезентација, а во моментов тренер на Ал Ахли.
Поврзани вести