Веспрем го краде Пасквал, Дејвис пред трансфер во Динамо

Бурно трансфер лето е пред нас. Олимписката година во принцип значи и промена на генерации, крај на кариери и големи реконструкции во екипите. 
Трансфер пазарот во моментов го тресат две финансиски моќни екипи. Веспрем и Динамо Букурешт. 

Позицијата на прв тренер на клупата на Веспрем каде што во моментов фигурира Момир Илиќ практично е отворена позиција, затоа што српскиот стратег не успеа да го одведе тимот во Келн. 

Последните новости што не се официјално потврдени, велат дека Веспрем ќе го украде од Динамо Букурешт шпанскиот тренер Хавиер Чави Пасквал. 
Пасквал со години соработува со Романците, но убавиот збор од Веспрем, напишан со неколку нули, може да отвори секаква врата. 

Паралелно со тоа веќе е „најдена“ и замената за Пасквал во Динамо, а тоа треба да биде поранешниот тренер на Вардар, Давид Дејвис кој во моментов ја води екипата на Ал Ахли од Египет. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk