Ландин објави крај на репрезентативната кариера!

Данските ракометни фанови, синоќа преживеаја уште еден голем шок. Не мина долго откако Микел Хансен најави крај на кариерата, вечера истото, но од настапите за репрезентацијата го стори и голманот Никлас Ландин.

Хансен и Ландин последен пат ќе ги гледаме како активни репрезентативци на Олимписките игри во Париз каде што ќе се сретнат со уште една легенда која завршува кариера, а тоа е Никола Карабатиќ. 

Објавата на Никлас Ландин е изненадување. Toj има 35 години и се очекуваше уште најмалку 2-3 години да биде активен репрезентативец. Но, очигледно ефектот „Хансен“ влијаеше силно и кај него, па реши дека Олимписките игри во Париз ќе бидат последното.

Дефинитвно, по нив почнува нова ера не само во данскиот туки и воопшто во светскиот ракомет. Селекторот Николај Јакобсен сигурно нема да биде рамнодушен на оваа одлука, иако на располагање има врвни голмани како Јаник Грин и Емил Нилсен на располагање за националниот тим. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk