Охридскиот турнир со осум екипи летово

Турнир што станува еден од заштитните знаци на летниот македонски ракомет е Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а тој трет пат ќе се одржи летово во Охрид. 
Овогодинешниот турнир ќе се одржи во периодот од 20 до 24 август во салата „Билјанини извори“ и ќе учествуваат осум екипи. 
Покрај домашниот Охрид ќе учествуваат уште две македонски екипи, а другите пет клуба ќе бидат гости од различни држави и покрај меѓунардониот карактер ќе му дадат на турнирот поинаков шарм, а на трите македонски претставници шанса да се испробаат со странски противници во пресрет на сезоната. 

Комплетниот список на учесници ќе ги претстави организаторот, домашниот ГРК Охрид кога ќе бидат комплетирани. Но, имајќи предвид кои беа гости досега, а и дека клубот во секој поглед оди во нагорна линија, не се сомневаме дека ќе го задржи или подобри нивото. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk