Четири играчи се разделија со Вардар

Последниот меч во сезоната за Вардар 1961 беше последен во дресот на црвено-црните за четири ракометари од актуелниот состав. 
Засега официјално, од Вардар заминаа Марко Мишевски, Мартин Карапалески, Дарко Ѓукиќ и Мартин Томовски. Дали тие ќе бидат единствените што заминуваат, ќе видиме, во секој случај очекуваме да има уште играчки промени. 
Вардар сезоната ја заврши на второто место и следната сезона ќе ја претставува Македонија во ЕХФ Европската лига. Дали ќе биде директно сместен во групната фаза или ќе игра квалификации, зависи од апликацијата за вајлд карта за Лигата на шампионите. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk