Е. ПЕЛИСТЕР - АЛКАЛОИД 32-28 (18-13)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Контролор: Марјан Начевски
Е. Пелистер: Лесјак 1, Гедбан 1, Манасков 6, Цехте 4, Кузманоски 1, Тајник 3, Борзаш 1, Танкоски, Радивојевиќ 6, Кузмановски 5, Петровиќ, Петар Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев 2, Пешевски 2, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 8 мин.
АЛКАЛОИД: Трајкоски, Галевски, Џонов 2, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов, Карасманакис, Стојковиќ 2, М. Митев 6, Ѓоргиев 1, Велковски 3, Симоноски 4, Бинго 2, Д. Митев 6, Савревски, Димовски 2
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 8 мин.
Битолчани не ја пропуштија шансата која им се укажа, шампионскиот пехар да го одбранат во 60 минути на домашен терен против екипата на Алкалоид.
На Е. Пелистер му беше потребна победа или реми, а пред полна сала на свој паркет тоа успеаја да го остварат без премногу да ги искинат нервите на своите навивачи.
Почнаа агресивно домашните, Алкалоид на тоа одговори со игра седум на шест, но не одеа добро измените па примија голови на празна мрежа, а резултатот од воведната израмнетост и резултатска нишалка, по 9-9, отиде на 14-9 за домашните и тоа беше серијата што го реши мечот.
На домашните им гарантираше смиреност, а гостите не само што не успеаја да направат пресврт, туку во еден момент имаше и максимални 17-10. На полувреме беше 18-13.
Алкалоив во второто полувеме намали на 18-21, но немаше поголема драма. Разликата од три-четири гола стана актуелна и со резултат 26-23 се влезе во последните 10 минути.
Навестување за поголеми возбудувања имаше во 52 минута кога Алкалоид намали на 24-26, но потоа до крајот се играше гол за гол со тоа што домашните успешно ја бранеа предноста. Во 58 минута беше 30-28, резултат што гарантираше шампионски пехар за Е. Пелистер.
Последните две минути, практично во славеничка атмосфера ги одиграа домашните за конечни 32-28, победа и шампионски пехар.
Вардар со 31-25 славеше на гостувањето кај Бутел Скопје, но трите бода од овој меч не направија разлика на врвот на конечната табела.
Поврзани вести