Драма на „Ф4“ , Ѓер среќно до финале

foto: gyori eto kc

Ѓер стна првиот финалист на годинешниот Фајналфор од Лигата на шампионите, откако попладнево во меч со многу драма во финишот, успеа да го елиминира данскиот Есбјерг (24-23). 

Лош меч беше полуфиналето за двата тима кои уште во првиот дел имаа повеќе од 10 технички грешки и серии од по 10-тина минути без да постигнат гол. 
На почетокот на вториот дел се разгоропади домашниот Ѓер и поведе со 18-12 во 39 минута. Кога се чинеше дека е готово, влезе во нов период без гол и Есбјерг предводен од Рајстад и Морк полека почна да се враќа во игра. 
Во 50 минута, данските ракометарки веќе беа вратени резултатски во игра, а разликата беше само два гола разлика. Гол-два разлика се играше до крајот со тоа што Ѓер имаше водство од 24-23 и напад на 17 секунди до крајот. „Успеа“ да ја загуби топката, следеше молњевит контра напад во која крилото Сана Солберг беше сама пред голманот Сандра Тофт, а победик од дуелот излезе голманот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk