Карабатиќ го одигра последниот (клупски) меч во кариерата!

Еден од најдобрите играчи на сите времиња, Никола Карабатиќ, го одигра последниот клупски натпревар во кариерата. 
На возраст од 40 години, Французинот кој има мешано српско-хрватско потекло успеа да постави уште еден рекорд, а тоа се 14.840 гледачи во Акор Арена во Париз кои купија билет за последниот меч во кариерата. Тоа е рекордна посета на меч во француското првенство, а имаа причина плус, ПСЖ со победата над Прованс стана првак на Франција, за Никола тоа беше 16 титула во домашното првенство, а има и четири шампионски титули во Германија и две во Шпанија. Трипати беше европски клупски шампион, двпати го освои Супер Глоуб. Трипати најдобар играч на светот според ИХФ, по еднаш МВП на СП и ЕП, трипати олимписки првак, по четири пати освоил злато на ЕП и СП. Пет пати беше во ол стар тим на ОИ, ЕП и СП, беше најдобар стрелец на ЕП 2008, најдобар стрелец во ЛШ 2007. Трипати беше прогласуван за најдобар играч во првенството на Франција, по двапати во Германија и Шпанија.  Вкупно 22 пехари има од француските купови, девет од шпанските, шест од германските. 

Ова е кариерата на најголемиот ракометар во историјата низ бројки, неговото влијание, сигурноста и само самодовербата што ја носеше со себе, промоцијата за ракометот како спорт се работи кои не се опишуваат со зборови. 
Многупати сме имале можност лично да разговараме со него, секогаш бил професионалец, секогаш со почит зборувал за противниците, лесен за разговор, секогаш бил позитивен со коментарите и кога победувал и кога губел. 

Никола Карбатиќ ќе имаме шанса да го гледаме уште еднаш, ќе игра на Олимписките игри во Париз во август годинава, а потоа заминува во легендите, а ракометот ќе заокружи една ера и ќе ја отвори вратата за другите ѕвезди, а на многу од нив знаеме точно кој им бил идолот низ годините. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk