Ф4 Будимпешта: Каде да гледате?

foto: gyori eto kc

Денеска почнува Фајналфор турнирот што откако е воведен овој формат, а тоа се цели 10 години, се игра во Будимпешта. И ќе продолжи да се игра најмалку до 2027 затоа што во пресрет на јублиејниов Ф4 број „10“ беше потпишано продолжението на соработката. 

Денеска се играат полуфиналните натпревари, а ракометното попладне ќе го отворат екипите на Есбјерг и Ѓер во 15:00 часот. 
Ѓер ја има улогата на фаворит поради условно кажано домашниот терен, но сосема погрешен пристап е да се прогласува фаворит против екипа за која играат Хени Рајстад и Нора Морк, а одбраната им ја сочинуваат Транборг и Бристол. 
По овој меч, следува дуелот меѓу Битенхајм и Мец. 

ФАЈНАЛ ФОР 
15:00  Ѓер - Есбјерг - ТВ Арена Спорт 2 Премиум
18:00  Мец - Битенхајм  - ТВ Арена Спорт 3 Премиум

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk