Завршува Суперлига, кој ќе биде шампион?

Со натпреварите меѓу Бутел Скопје и Вардар 1961, односно Е. Пелистер и Алкалоид денеска ќе биде спуштена завесата на суперлигашката сезона 2023/24 во Македонија. 
Двата натпревари се закажани за 18:00 часот, во суштина и немаше некаква реална потреба истовремено да се играат овие два натпревари, приказната на последното коло е јасна. 

Пласманот на сите екипи во првенството е познат. Останува единствено прашањето кој ќе биде прв, а кој втор. Математичките пресметки се едноставни и по ова прашање. 
Ако Пелистер победи или игра нерешено на домашен терен со Алкалоид ќе биде нов шампион, односно ќе ја одбрани шампионската титула. 
Ако Алкалоид победи, тогаш шанса да стане шампион има Вардар 1961, но под услов денеска да победи на гости кај Бутел Скопје. 

Третото место во првенството ќе го освои Алкалоид, четвртото е за Охрид, потоа следуваат Тиквеш, Бутел, Пролет 62 и Струга. 
Пласман во Европа ќе освојат Е. Пелистер и Вардар во ЕХФ Европската лига, Алкалоид и Охрид во ЕХФ Куп. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk