ЛШ: Утре почнува Ф4 Будимпешта

Foto: Gyori ETO KC

Европската клупска сезона е во својот финиш. Остануваат само уште два Ф4 турнира по што клубовите одат на заслужен одмор и целата сцена сѐ до Олимписките игри во август, ќе ја отстапат на ракометар(к)ите во младинските категории. 

Утре почнува Фајналфор турнирот во женска конкуренција кој веќе десет години (2013/14) се игра во овој формат, а единствен домаќин досега е Будимпешта и „Ласло Пап“ Арената. 

Унгарскиот вицепрвак Ѓер е најуспешниот меѓу годинешниве кандидати за титула. Тие имаат пет шампионски пехари и би можеле да направат уште еден чекор кон своевремено доминантниот Хипо кој има осум и уште подоминантниот Спартак Киев кој има 13 шампионски пехари од најелитното натпреварување. 
Другите три екипи, немаат ниту финале. Мец и Есбјерг имаат две учества на Ф4, Битенхајм прв пат доаѓа до полуфиналето.

ФАЈНАЛ ФОР БУДИМПЕШТА
1.6.2024
15:00  Есбјерг (Дан) - Ѓер (Унг)
18:00  Мец (Фра) - Битенхајм (Гер)

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk