Сите пехари се кај Магдебург!

Германскиот тим Магдебург стана нов првак откако на коло до крајот изгради предност од цели шест бода во однос на второпласираниот Берлин, а далеку зад нив се Флезнбург, Кил, Мелзунген и Гумерзбах, екипите што ќе ја претставуваат Германија во Европа следната сезона

Магдебург беше шампион во 2021, 2022, а во моментов освен што стана првак на Германија е актуелен освојувач на Куп на Германија, актуелен освојувач на ИХФ Супер Глоуб и актуелен победник на Лигата на шампионите на ЕХФ. Во ЛШ ќе има и шанса да го брани пехарот за 10-тина дена во Келн. 

Дополнителна вест кога се работи за Бундеслигата е дека Хамбург доби лиценца за настап за следната сезона, но ќе мора до 5 јуни да уплати дополнителни гаранции. Ако не го стори тоа, автоматски ја губи лиценцата. 

Поврзани вести