Вести и трансфери: Легендарен Украинец заврши кариера

Хрватскиот бек Александар Чаприќ, минатата година прогласен за најдобар лев бек на Светското првенство до 19 години, потпиша договор со германската екипа Ајзенах. 

Еден од најдобрите украински ракометари во поновата историја, десниот бек Сергеј Онифриенко, ја заврши кариерата. Тој во последните шест години играше за францускиот тим Шарт. 



Капитенот на Бенфика, Пауло Морено, заминува од клубот по цели 19 години. 

Екипите на Веспрем во Унгарија, Севехоф во Шведска и Колстад во Норвешка ги освоија шампионските титули победувајќи во Плејоф завршницата. 

Шпанската ракометарка Кармен Мартин објави крај на кариерата на возраст од 35 години. Кармен Мартин беше прогласувана за најдобро десно крило на ЕП 2014, 2016 и 2018, а иста таква МВП награда има и од СП и од ЛШ. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk