Од Нексе си одат и Јотиќ, Гаџа, Мелиќ ...

Нексе ја официјализираше трансфер листата на која има 10+ играчи, дел добро познати и на македонската јавност. 
Од клубот официјално заминуваат и Ловро Јотиќ и Анте Гаџа, двајца ракометари кои играа и во македонската Суперлига. На списокот на играчи на кои клубот им кажа среќно и довидување се наоѓаат и Иван Сршен, Фахрудин Мелиќ, Џанфранко Прибетиќ, Предраг Вејин, Адир Кохен, Марко Рачиќ, Марио Томиќ, Андраж Велкаврх, потоа голманот Доминик Кузмановиќ за кого неофицијално ќе инкасираат околу 200.000 евра, додека Марко Безјак е суспендиран. 

Нови играчи во Нексе се Тин Лучин, Крешимир Козина, потоа полскиот пивот Јан Климков, крилото на Горење Ибрахим Хасељиќ, пикерот Леон Вучко, голманот Антун Шариќ, шпанскиот играч Александар Цениќ се зборува и за Марино Мариќ итн. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk