Лазаров: Треба да бидеме задоволни

Македонија ги дозна противниците за СП 2025, а селекторот Кирил Лазаров ја коментираше ждрепката за СП Хрватска 2025: 

„Од првиот и од вториот шешир добивме доста квалитетни репрезентации. Секако дека можеше да добиеме и уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни пред се со фактот дека ќе играме во Хрватска односно Вараждин и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи.
Имаме добри спомени сите од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така. Имаме доста време да се подготвиме квалитетно за Светското Првенство“, изјави Кирил Лазаров.
 

Поврзани вести