Хрватска не нѐ покани на нивната мундијалска забава, но ние сепак ќе дојдеме. „Падобраните“ ќе ги отвориме на 14 јануари над Вараждин и ќе направиме сѐ за да им ја расипеме забавата на Унгарците и Холанѓаните. Потоа да ја победиме Гвинеја, да испееме „Вечерас је наша фешта“ и за крај да видиме колку навистина се силни „тие“ Катар, Австрија и Франција.
Македонија доби група што е добра. Толку колку што ни треба. Најважно е што играме во Хрватска, каде што географски се чувствуваме како домаќини, иако Унгарија ќе биде домаќинот, а ние „падобранците“. Но, ништо нема да ни недостасува и вака, a патем и ништо нема да им „должиме“ на домаќините, оние вистинските - организаторите.
Убав вовед во мундијалската 2025 и првото СП кое сами го обезбедија и во кое новата генерација играчи ќе си ја пишува својата историја.
На стартот ќе играме со Унгарија, Холандија и Гвинеја. Сакавме послаб противник од последниот шешир, добивме еден од двата најслаби - дебитантот Гвинеја. Тоа би требало да биде доволно за пласман во Главната рунда.
Во еден момент во ждрепката останаа само Италија и Холандија, но кај нас во групата дојдоа Холанѓаните.
Италија секако ќе беше подобра опција, но во суштина нема по што да жалиме. Судејќи според коментарите што ги гледаме и слушаме, веднаш заборавивме многу работи, меѓудругото го заборавивме и Торшавн, сета скромност веднаш ја снема и кон Италија се гледа од орелска височина, како пропуштена шанса можеби и за 1/4 финале.
Лекцијата од Црна Гора е стап по туѓ грб.
Италија секако ќе беше полесен противник, но нагло кренатите очекувања, притисоци, правење споредби со овие репрезентативци со нивните претходници - никако немаше да бидат од корист за овој тим.
Македонија доби група каква што и треба за пласман во Главна рунда и докажување, играме географски блиску и подвлечено - мораме да бидеме задоволни од крајнио епилог.
Поврзани вести