Голем „дил“ меѓу Келце и Нант

Два познати клуба, полскиот Келце и францускиот Нант се договорија за размена на ракометари. Поранешниот вардаров бек со шампионска ѕвездичка од Скопје, Хорхе Македа оди во Келце и како леворак бек во два правца ќе биде дополнување за неговиот помлад колега од репрезентацијата, Алекс Душебаев.
Пивотот Тео Монар исто така Нант продолжува во Келце. Двајцата ракометари потпишаа договори, Македа до 2026 година, Монар до 2027. 
Во спротивен правец, од Келце во Нант оди францускиот репрезентативец Николас Турна. 

Двата клуба ги потврдија трансферите. 

Поврзани вести