Два турски клуба во криза, во едниот играат Македонки

Две познати женски екипи од Турција се наоѓаат на прагот да влезат во финансиски проблеми што би можеле да имаат и големи последици по нив. 
Тоа се екипите на Коњалти Анталија и на Кастамону. За екипата на Коњалти настпуваат и македонските репрезентативки Ивана Гакидова и Елена Ѓоргиевска, а таму е и Моника Јанеска.

Проблемите се јавија по 31 март, односно по локалните избори на кои се сменија градоначалниците. Новите градски власти велат дека наследиле голем долг и како мерка на штедење почнале да ги кратат спонзорирањата, а женските ракометни клубови се меѓу првите на удар. 

Дека ситуацијата не е наивна, говори податокот дека и Ракометната федерација на Турција издаде официјално соопштение во кое ги повикува новите градоначалници да ја променат одлуката и да продолжат со поддршката за овие две екипи кои главно се финансираат од градот.  
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk