Кавадарчани договорија тренер?

Екипата на ГРК Тиквеш Кавадари следната сезона ќе има нов тренер. Раде Стојановиќ кој успешно ја одработе својата работа на кормилото на кавадаречкиот клуб заминува во Словенија и ќе го преземе вицепрвакот Тримо Требње. 
Според oфицијално непотврдени информации, нов тренер на кавадарачни би требало да биде српскиот тренер Драган Марковиќ - Марка. 
Овој 54 годишен стратег во својата кариера ги водел екипите на Босна, Азоти Пулави, беше селектор на БиХ со пласман на СП 2015, а последно ја водеше екипата на Динамо Панчево. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk