РК Аеродром, стара приказна со нов шарм

РК Аеродром е колектив што ги освои нашите симпатии со нивната определба приоритет во работењето да им биде работата со младите играчи, момчиња, можеби покоректно е да кажеме деца кои од свои шест седум години влегуваат во ракометната приказна која ќе го насочи нивниот живот во поинаков правец. 
Нема да излажеме кога ќе кажеме дека „нѐ освоија“ со внесување на за македонската сцена не многу практикувана работа да гостуваат малку подалеку од 200 километри и да играат на турнири и во Унгарија, Хрватска и да собираат искуство од ракометно напредни држави...

Нивната приказна имаше подем и крах. Влегоа во натпреврувачки систем, од стабилни прволигашки сезонава се промовираа и во суперлигаши и тука се соочија со нашата спортска реалност.
Почнаа какко пријатно суперлигашко освежување, но никаде, а особено во Македонија не е срам да се остане без пари, со изневерени спонзорски очекувања и ветувања, многумина го почувствувале тоа на своја кожа, па сезоната заврши на пола, таму каде што се судрија спортскиот и финанскиот дел. 

Добриот дел е што оваа приказна нема да згасне, туку се враќа во својата основа, работа со млади категории, но овој пат со многу повеќе памет и искуство. Се репија за враќање кон корените и тоа што клубот го работеше најдобро. 
Работа со млади играчи.

А на тоа поле има со што да се пофалат. Од мали нозе обуката во РК Аеродром ја минаа ракометари како денешните сениорски репрезентативци Марко Митев, Дамјан Митев, Иван Џонов потоа Бојан Спасовски, Бојан Блажевски, Стефан Стојчевиќ, Едвин Омерагиќ, Марко Богдановски, Наум Костов па Маркудов, Лефковски... 



РК Аеродром следната сезона ќе има два тима. Прволигашки и пионерски, а особено е горд на пионерската екипа за која верува дека крие потенцијал во ранг на споменатите играчи. 

Првата екипа се создава, контурите стануваат видливи, потпишани се договори со неколку ракометари, промовирани се Иван Ќурчиев, Иво Петровски и Стефан Ристоски. Тоа е почетокот, се очекува уште ракометари кои си го бараат својот пат да стигнат до овој скопски клуб. Некои се веќе договорени, наскоро и тие ќе бидат промовирани. 

Старата приказна почнува одново, РК Аеродром се врати на корените и ќе си ја раскужува својата приказна и во времето што доаѓа. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk