Првенството се решава во сабота

РК Еурофарм Пелистер објави дека натпреварот со РК Алкалоид од последното првенствено коло што ќе се игра во Битола е закажан во сабота (1.6.2024) а почeтокот е од 18:00 часот. 

На табелата во пресрет на последното коло Пелистер е прв со 38 бода, а зад нив Вардар со 36. Алкалоид е на третото место со 30 бода, пред Охрид кој има 26.
Единственото математички отворено прашање е кој ќе биде првак сезонава. Е. Пелистер има поголеми шанси на хартија, затоа што игра на домашен терен, против екипата на Алкалоид. Вардар во последното коло гостува на скопски Бутел. 
Ако битолчани победат или одиграат нерешено ќе ја одбранат шампионската титула. Но, доколку Алкалоид победи во Битола, а Вардар го совлада Бутел Скопје, тогаш шампионскиот пехар се сели во витрините на Вардар 1961.
Продажбата на билетите, почнува денеска од 18:00 часот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk