Ни Кил ни Барса, туку Келце

Неговиот трнсфер во Барса се чинеше готова работа, кога стигнаа лошите вести од сметководството на каталонскиот клуб. Приморани да штедат и продаваат, Шпанците кренаа раце од ангажман на белорускиот пивот Артјом Каралек. 
Потоа на сцената се појави Кил, наводно заинтересиран за него, но тоа беа повеќе зборови од дела, а сега е ставена точка на таа шпекулација. 

Артјом Каралек останува верен на Келце, новиот полски вицешампион. Потпиша нов договор со важност до 2028.