Еуфорија е мал збор: Висла е нов шампион!

Висла Плоцк е новиот шампион на Полска. По 12 сезони доминација на Келце, Висла се враќа на шампионскиот трон и ја завери шампионската титула број осум. 

Келце во сезоната 2015-16 во финалето на Лигата на шампионите на пенали го совладаа Веспрем. Како да ги проколнаа Унгарците и оттогаш Келце ги губеше важните натпревари на пенали. 
Лани на пенали загуби во финалето на Лигата на шампиони, годинава на пенали загуби во 1/4 финалето на Лигата на шампионите, потоа на пенали загуби во Плоцк на првиот меч за шампионска титула, а сега на пенали загуби и во вториот меч во Келце за шампионската титула. 

Трет пат по ред пенал во рулетот промашува француското крило Дилан Наи, а овој пат го промаши решавачкот при резултат 7-7. 
Мирко Алиловиќ, хрватскиот голман го одбрани шутот на Французинот и предизвика ерупција на трибината каде што беа фановите на Висла кои трпеливо чекаа 13 години на ваков момент.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk