Војводина во ист маркет со македoнските клубови

Старо-новиот првак на Србија, екипата на Војводина откакој ја проби бариерата да купува исклучиво српски играчи и годинава е многу активна на трансфер маркетот во потрага по странски засилувања.

Војводина ја доби трката со Партизан за левиот бек на Металопластика, Милан Јовановиќ. Овој играч се врати на терените сезонава по пауза од неколку години поради повреда. Своевремено замина за Тулуз, таму се повреди и долго време беше аут, се до враќањето во Металопластика годинава. 
За овој играч, освен Партизан, наводно заинтересиран бил и скопски Алкалоид. 

Српскиот медиум Моцарт, го претстави како ново засилување за Војводина и пикерот на Олимпијакос, Миха Кавчич. За него, пак, шпекулациите велеа дека е пред трансфер во Пелистер.
Кавчич во Нови Сад би требало да го менува Живан Пешиќ кој доаѓа во ГРК Охрид. Од Нови Сад заминаа сите пикери, па овде не го кажале последниот збор, се знае дека доаѓа и Бранко Предовиќ. 

Новитет имаат на позицијата десно крило, таму доаѓа Хрватот Фран Милета од Нексе, а на позицијата лево крило египетскиот репрезентативец Ахмед Шеша. 

Белорусинот Борис Пуховски останува, се очекува враќањето на Стефан Додиќ, а во меѓувреме стигнува бразилскиот плејмејкер од ЧСМ Букурешт - Жоао Педро да Силва. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk