Флензбург ја освои Европската лига

foto: © EHF/kolektiff

Екипата на Флензбург беше подобра од ривалот Фухсе Берлин (36-31) во финалето на Фајналфор турнирот од ЕХФ Европската лига и по втор пат, по пауза од 27 години одново се победници во ова, второ по квалитет европско натпреварување.
Финалето во Хамбург беше уживање да се гледа од агол на неутрален фан. Натпревар преполн со убави потези што ретко се гледаат, атрактивни погодоци и супербрза игра демонтрирана од двата тима. Имавме можност да ги гледаме „еден на еден“ Симон Питлик и Матијас Гидсел, да видиме како се надмудруваат голманот Кевин Мелер и ветеранот Ханс Линдберг, да го гледаме можеби најдоброто лево крило во моментов - Емил Јакобсен, но на крајот не пресуди индивидуалноста туку колективот и тоа претставен преку одбраната на Флензбург. 
Првиот дел заврши со минимална предност на Флензбург, а во вториот дел дуелите станаа посилни, директни црвени картони си заработија Мијајло Марсениќ од Берлин и недолго потооа Јим Готфридсон од Флензбург. Клучен период околу 50 минута, Берлин се истрча пред дефанзивната зона на противникот и беше казнет, разликата се искачи на пет гола и тоа беше недостижно до крајот. 
Победата на Флензбург од агол на македонски ракометен математичар не е добра вест, затоа што овој тим има аспирации да бара вајлд карта за Лигата на шампионите и покрај тоа што е подвлечено дека две места се максимум за секоја земја. 
Но, Флензбург има адут плус и може да аплицира како актуелен победник на ЕХФ Европската лига. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk