Ангеловски по 10 години се раздели со Белфор

Македонскиот интернационалец Александар Ангеловски по десет години минати во францускиот клуб Белфор (НХ1) на крајот на сезоната се раздели со клубот и е во потрага по нов ангажман. 

Ангеловски беше дел од јуниорската репрезентација на Македонија заедно со Стоилов, Митревски, Георгиевски - Џомба која во 2007 беше домаќин на Светското јуниорско првенство. Клупски во Македонија играше за Вардар, Куманово и Зомимак, но најголемиот дел од ракометното портфолио му е исполент со настапите за француската екипа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk