Бомбач заврши со скршена вилица

фото: PICK Szeged

Не само што го загуби осмиот по ред дуел со Веспрем и практично шансите за титула, екипата на ПИК Сегед во среда ќе мора на реваншот да игра и без словенечкиот плејмејкер Дејан Бомбач. 
Словенецот на мечот во Веспрем Арена, залетан - налета на Патрик Лигетвари. Унгарецот се постави цврсто, Бомбач се судри со него, однсно налета со лицето во рамето на противникот и остана без свест. 
Му беше пружена помош, можеше сам да го напушти теренот и веднаш беше пренесен во болница каде што беше констатирано дека има фрактура на вилицата. 

Ова беше последниот меч на Бомбач за ПИК Сегед, во следните три сезони Словенецот треба да настапува за екипата на Ѓер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk