Нови шампиони во Чешка, Турција...

Екипата на Интерактив која од клупата ја води поранешниот македонски репрезентативец Филип Лазаров по една година во Третата германска лига се враќа назад ранг подолу. 
Интерактив не успеа да обезбеди опстанок сезонава, иако до последен момент беше во игра. Многуте повреди на клучните натпревари беше една од главните причини за чекорот назад што мора да го направи овој клуб. 

Екипата на Трст за која настапува македонскиот интернационалец Даниел Андоновски има уште една последна шанса да се избори за опстанок во првенството. Трст ќе игра серија од три натпревари со тимот на Кињоли. Првиот меч го игра на домашен терен, вториот и евентално третиот како гостин. 

Бањик Карвина е нов првак на Чешка. Во финалната серија екипата на Бањик беше подобра од Талент Плзењ за која настапува македонскиот репрезентативец Никола Костески. 
Овие две екипи се менуваат на тронот во Чешка на една година од сезоната 2020/21.

Со голем кам бек од минус седум гола, на вториот меч, па преку две продолженија екипата на Елверум успеа да сервира големо изненадување во Норвешка. Во финалната серија Елверум игра со скапиот состав на Колстад предводен од Сандер Сагосен. 

По една година пауза на тронот во Турција се враќа неприкосновениот Бешкташ. Со 3-0 во финалната серија, црно-белите од Истанбул ја совладаа екипата на Сакарија и ја освоија рекордната 17 титула.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk