Словенија има нов шампион

Екипата на Горење Велење ја презема шампионската титула од екипата на Целје Пивоварна Лашко во првенството на Словенија, откако во последното коло го совлада тимот на Јерузалем Оромож и со бод повеќе од второпласираниот Требње заврши на конечната табела. 
Актуелниот првак Целје е само трет со дури седум бода помалку од лидерот. 

Најсилната лига на Словенија има 14 екипи, а испаѓаат екипите на Љубљана и Добова. 

Ако не знаевте: Во последните 13 сезони односно од 2011/12 шампиони на Словенија биле само екипите на Целје и Горење. Последен пат првак што не е од овој двоец беше екипата на Копер во сезоната 2010-11

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk