По четири сезони доминација на сино-белите од Драгао, Португалија има нов шампион. Тоа е екипата на Спортинг Лисабон, тим предводен од тренерот Рикардо Кошта и неговите два сина Мартим Кошта и Франциско Кико Кошта.
Вечерва во Лисабон се одигра последниот меч кој директно решаваше за титулата. Екипата на нашиот интернационалец Никола Митревски лошо одигра во првиот дел нивниот капитен, Дајмаро Салина уште во петтата минута доби црвен картон и ги поремети редовите на сега веќе бившиот шампион. На полувреме, во проблеми и во голема негатива беше Порто. (13-18).
Доминацијата на Спортинг продолжи и во второто полувреме (28-22), но како минуваше времето Порто стануваше се поопасен, а разликата сѐ помала.
Потоа на сцена стапи македонскиот голман Никола Митревски. Со две одбрани при минус од четири гола му даде шанса на својот тим да се врати, а тоа го материјализираше Магалаеш и почнаа да се потат дланките и на домашните играчи и на фановите на полните трибини.
Потоа уште еднаш одбрани Митревски и на две минути до крајот беше само два разлика. Во последната минута Порто намали на 33-34.
Но, во тензичниот финиш, последниот гол го постигнаа Натан Суарез за водство и победа од 35-33 и освојување на нивниот 20 шампионски пехар во историјата.
Ова е прв пехар за оваа генерација на ракометари на Спортинг, предводени од браќата Кошта, потоа Салвадор Салвадор кој иако дефанзивец, денеска постигна девет гола итн...
Средбата беше тензична, прекинувана поради димна завеса од навивачите, тензично и на теренот меѓу играчите каде беа избегнати инциденти.
Никола Митревски го завршува својот престој во Порто и Португалија. Тој се враќа назад во Македонија и следната сезона ќе ги брани боите на Пелистер.
Генерално, триумфот на Спортинг сезонава, од агол на македонски ракометен „математичар“ и не е добра вест. Навикнати сме Спортинг да го гледаме во ЕХФ Европската лига, но сега ќе играат директно во ЛШ.
Порто станува и тоа како силен кандидат за вајлд карта за ЛШ како втор претставник на Португалија во ЛШ, во стилот на Полска 2, Данска 2, Унгарија 2...
Македонија, годинава исто така ќе бара вајлд карта, а изгледите да ја добие вечерва значително се намалија.
Поврзани вести