Алкалоид во добар ритам на последниот домашен меч

РК АЛКАЛОИД - РК БУТЕЛ СКОПЈЕ  27-21 (11-11)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Методија и Мијало Илиевски. Контролор: Душко Камишевски
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајкоски, Џонов 3, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов 3, Карасманакис 1, Стојковиќ 2, М. Митев 3, Ѓоргиев, Велковски 3, Симоноски 1, Бинго 2, Д. Митев 6, Савревски, Димовски 3
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 6 мин. 
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Блажевски, Стојаноски, Субашевски 2, Андревски 1, Пејковски, Стојановски 1, Ѓеоргиевски 2, Николов 2, Јаневски, Крстевски 2, Спасовски 1, Каевски, Јефтиќ 7, Михајловиќ 3, Цветковски, Давитковски
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 10 мин. 

РК Алкалоид го совлада РК Бутел Скопје на последната средба пред своите навивачи и во победнички ритам ќе оди во Битола во последното коло, на меч што ќе решава шампионска титула.
Првиот дел беше многу сличен на досегашните пресметки меѓу двата клуба. Резултатски израмнето, со многу дуели, максимално водство од само еден гол, мини пресврти и конечни 11-11 по 30 минути игра. 

Вториот дел почна во ист стил, но по шест-седум минути игра, гостита за момент загубија здив, го спуштија гардот и веднаш видовме дека Алкалоид не заборавил да игра брзо во транзиција, па со серија од 5-0 за кратко време го реши победникот од дуелот. 
Гостите веќе не можеа да се вратат во ритам побранот на Алкалоид, па следуваше уште една серија од 4-0 и разликата стана убедлива, за конечно да биде запишана победа на Алкалоид од 27-21. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk