Загреб првак, Чупиќ го одигра последниот меч

Екипата на Загреб е новиот хрватски шампион и единствениот машки тим во Европа што никогаш не ја загубил шампионската титула. Во последниот меч сезонава, Загреб го разби, разбиениот Нексе (37-24) и ја освои титулата со број 30. Остварување со кое може да се мери само уште еден клуб, а тоа е женскиот првак на Црна Гора - Будуќност. 

Дуелот меѓу Загреб и Неке беше последниот во професионалната кариера на Иван Чупиќ. За овој ракометар прв пат слушнавме и прв пат го видовме на дело како тинејџер во 2007 година на Јуниорското светско првенство што се играше во Македонија.
Тогаш тоа момче дојде во Охрид заедно со соиграчи како Јаков Гојун, Ален Блажевиќ, Жељко Муса и стана ол стар десно крило. Хрватска го освои четвртото место, со минимален пораз во мечот за бронза од Данска за која настапија Никлас Ландин и Хенрик Тофт Хансен. 
Потоа патот го одведе во Шпанија, Германија (РНЛ), Полска (Келце) каде што стана европски шампион и во 2016 дојде во Вардар. Една година подоцна, во 2017 го имаше потегот на кариерата кога во финалето на ЛШ во последниот напад на истекот на времето го совлада Тјери Омејер за најголемата победа на Вардар во историјата и освојување на првата шампионска титула во Келн. Потоа уште еднаш стана првак со Вардар, две години подоцна. 
Од Вардар, Чупиќ замина за Загреб и вчера во последниот меч, за 30 шампионска титула на Загреб ги одигра последните 60 минути во својата професионална кариера. 
За Чупиќ уште ќе слушаме и пишуваме ракометно, неговиот план засега е да продолжи како тренер. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk