Информацијата што ракометниот портал
G-SPORT прв ја објави уште пред една недела, денеска е официјално потврдена и од Светската ракометна федерација.
ИХФ ги потврди шеширите и процедурата за ждрепката, со тоа што организаторите ги сместија репрезентациите на Австрија во Пореч, Хрватска и Словенија во Загреб, Унгарија во Вараждин, Данска и Германија во Хернинг, Норвешка и Шведска во Осло.
Кај шеширите со носители нема промена, но ова беше и повеќе техничка информација затоа што лесно беше да се пресметаат местата според ранкингот и пласманот на претходните натпреварувања.
Македонија оди во ждрепка, сите екипи од првиот вториот и четвртиот шешир се можните противници на нашиот тим. При ждрепката за претходното СП, ние ја извлековме најкратката сламка и за противник добивме вајлд карта екипа, односно Холандија, се надеавме дека тркалото на историјата не се врти толку брзо и нема да се повтори и на 29 мај.
„Хвала лијепа“ за ХРС што не нѐ покани, но се надеваме дека ќе слетаме на нивната забава како „падобранци“.
За македонската репрезентација и навивачи и натаму далеку најдобрата опција е да играме во Хрватска, а шансите за тоа се 50-50.
Од агол на ракометните фанови што сакаат на лице место да го гледаат СП, 2300 километри далечниот Хернинг и уште 300 километри уште подалечниот Осло се многу полошите комбинации. Хернинг има лимитирани сместувачки капацитети (во 2014 голем дел од македнската експедиција беше сместен во Силкеборг), а што се однесува до Осло, доволно е да кажеме дека е можеби најскапиот европски град и да завршиме со „приказната“.
Ждрепката е закажана на 29 мај во Загреб.
Pot 1: Denmark, France, Sweden, Germany, Hungary, Slovenia, Norway, Egypt
Pot 2: Portugal, Croatia, Austria, Iceland, Netherlands, Spain, Italy, Czechia
Pot 3: Poland, Macedonia, Qatar, Brazil, Argentina, Cuba, Japan, Algeria
Pot 4: Bahrain, Tunisia, Chile, Kuwait, Cape Verde, Guinea, USA, Switzerland