Магдебург знае што прави, нов дил за Клар

Актуелниот европски шампион и веројатно нов германски првак, Магдебург, многу добро знае кој го носи тешкиот товар кај нив во екипа и не остави ништо на случајност, па предвреме потпиша договор со шведскиот ас Феликс Клар.

Швеѓанецот има актуелен договор, но германскиот клуб предвреме му понуди нов и тој ќе остане таму најмалку до 2028 година. 
Феликс Клар е еден од најпотценетите играчи. Во репрезентацијата е во сенка на Јим Готфридсон, а неговиот бивш клуб, Алаборг, иако на негови плеќи стигна и до финале на ЛШ, многу брзо се откажа од него откако се појави можноста Микел Хансен да дојде таму. 

Магдебург и Клар се многу успешна приказна, веќе ги имаат двата шампионски прстена и сѐ што ќе направи таму во иднина е само плус за него и за клубот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk