foto: RFM
32 учесник на Светското првенство во Хрватска, Норвешка и Данска е репрезентацијата на Швајцарија. Во конкуренција на повеќе држави кои аплицираа за вајлд карта, Швајцарците беа изборот на ИХФ, поради понудениот проект и поради барање на ТВ партнер. ИХФ ги извести федерациите што аплицираа, а Грците и Црногорците први го обедлоденија резултатот.
Барање за вајлд карта имаше и од страната на Кина, С. Арабија, Србија, БиХ, Ц.Гора, Грција, Турција, Ф. Острови, Грузија... вкупно 12 барања стигнаа до ИХФ .
Втората вајлд карта со одлука на Конгрес е доделена на САД кои, пак, не беа со најсилниот состав на квалификациите на Северна Америка и Кариби, па така Куба го искористи моментот и по долга пауза ќе ја видиме на СП.
Репрезентацијата на Швајцарија ќе биде сместена во четвртиот шешир и одново е можен противник на Македонија. Одново ќе биде непосакуван, исто како и за ЕП, без оглед што идниот јануари ќе бидат послаби од минатиот јануари за две големи ѕвезди, Анди Шмит и Никола Портнер.
Поврзани вести