ОИ Париз без Игор Карачиќ!

foto: SEHA

Поранешната ѕвезда на Вардар, сега ракометар на Келце, Игор Карачиќ не е на списокот патници за ОИ Париз на новиот селектор на Хрватска, Дагур Сигурдсон. 
Сигурдсон објави список од 20 ракометари од кои 17 ќе патуваат за Париз, а од нив само 14 ќе бидат на терен. Три измени се можни, но не е можна ротација како на ЕП или СП, па така, ако еден играч биде заменет за него ОИ завршува во тој момент. 

Хрватска има дилеми и околу голманската позиција со оглед на тоа дека првиот Кузмановиќ е во период на рехабилитација по операција, иако се прогнозира дека ќе биде фит. Идниот голман на Пелистер, Ивиќ е кандидат за пат во Париз доколку Кузмановиќ не може. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk