По 22 години, ЛШ без Кил или Флензбург

foto: THW Kiel

Двата „локални“ ривали од северот на Германија, Кил и Флензбург станаа заштитен знак за светскиот ракометн низ годините. Флензбург е позната база на Данска, додека Кил своевремено беше дом на оскатан на најуспешната шведска генерација (Олсон, Висландер, Ловгрен). И по нивната ера, секогаш има барем двајца Швеѓани во своите редови. 

Ова се два од Топ 5 клубовите во последните триесетина години и Лигата на шампионите беше тешко замислива без нив. Годинава на уште незавршено првенство, врвот на Бундеслигата и двете места во елитата им припаѓаат на Берлин и Магдебург, па ЛШ по цели 22 години ќе биде без Кил и Флензбург. Овие два клуба, пак, ќе ја направат многу поатрактивна ЕХФ Европската лига каде што следната сезона ќе играат. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk