Крајот на сезоната е период кога паралелно, се расплетуваат бројни трансфер најави и шпекулации и истовремено се плетат и заговараат нови.
Македонија е една од најсиромашните ракометни земји со трансфери, особено трансфери што се договорени и се реализираат пред да заврши сезоната. Планирањето месеци однапред и правење на летна стратегија не е силна страна на македонските клубови, но не недостасуваат шпекулации кога се работи за доаѓање на странски ракометари.
Актуелниот првак Е. Пелистер кој е и главен фаворит за првото место и оваа сезона, е една од екипите во која се знае дека неколку играчи заминуваат и затоа е во фокусот.
Осама Хосни, тунискиот десен бек кој играше во Битола, како што се зборува е најблиску до трансфер во Битола.
Наводно и Предраг Вејин од Нексе исто така бил на радар, но тој уште пред да почне целосниот распад на Нексе потпиша за Олимпијакос. Но, од таборот на Жељко Бабиќ стациониран во Атина, во Битола би можел да пристигне словенечкиот пивот Миха Кавчич. Тој е 25 годишен 190см/100кг линиски напаѓач кој игра во два правца и потенцијално би бил замена за Русинот Васиљев.
Наскоро ќе стане актуелно дека уште слободни играчи ќе има на пазарот, а за тоа ќе биде заслужен и Нексе, прегрупирањата ќе станат поголеми, а шпекулациите погласни, па ќе знаеме точно и дали Хосни/Кавчич или некој друг ќе дојде во Битола.
Потенцијална новост има и во Вардар. Како што ракометниот портал G-SPORT најави уште пред два месеца, (сѐ уште) е актуелна можноста португалското крило на Акваш Санташ, Мигуел Пинто да се пресели во редовите на црвено-црните.