Од Фарски во Хановер виа Катар

Вилхелм Поулсен, десниот бек на репрезентацијата на Фарски острови, трансферот од норвешкиот Лемвиг во германскиот Хановер ќе го реализира откако ќе одигра во дресот на кататскиот клуб Ал Араби на следните два турнира во Доха (Куп на Принц и Катар Куп).
 
Ал Араби веќе ангажираше тројца нови играчи за овие турнири, а тоа се голманот Мохамед Али кого пред да замине за Битенхајм го гледавме во дрес на Ла Риоха против Алкалоид. Другиот нов играч е ланската желба на Пелистер, Тунижанецот Мухамед Амин Дармул, сега играч на германскиот Минден. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk