-
21.05.2024
-
Вести, Планета ракомет
foto: rknexe.hr
РК Нексе сезоната ја почна со најголеми амбиции оправдани со доаѓањето на низа познати играчи како Штрлек, Безјак, Јотиќ, врвната форма на голманот Кузмановиќ... Сезоната заврши со фијаско, на среќа освоено второ место, прекинат меч со Загреб, суспензии, нарушени односи, две тренерски промени и елиминација во полуфинале на Куп од Сесвете.
Бројните ѕвезди не ги оправдаа очекувањата, а како што дознава G-SPORT.MK следува голема чистка и промена на клупската стратегија. Клубот на десетина ракометари им дал одврзани раце да си бараат нови средини. Мал дел ќе останат и заедно со младите ракометари од клубот, под водство на тренерот Крешо Иванковиќ со сосема поинакви амбиции ќе стартуваат во новата сезона.
Имајќи предвид дека во Нексе играа Кузмановиќ, Цар, Радовановиќ, Штрлек, Јотиќ, Мелиќ, Сршен, Безјак, Прибетиќ, Велкаврх, Кохен... кои и да одат од овие играчи ќе се размрда првенствено балканскиот трансфер пазар, а нема да се чудиме ако еден или повеќе од овие играчи следната сезона ги видиме и во Македонија.
Поврзани вести