Веспрем се разделува со три ѕвезди

Навивачите на Веспрем, конечно, имаа за што да се радуваат. По уште една неуспешна европска сезона, вниманието е на домашната сцена, а таму нивни „пациент“ седми меч по ред е Пик Сегед. 
Во финалето на Куп на Унгарија, Веспрем славеше победа од 33-30 и го подигна славеничкиот пехар. 

Но, публиката од трибините посебно повикуваше да се појават пред нив тројца ракометари. 
Тоа се Омар Јахија, Андреас Нилсон и Кентан Мае. 
Овие тројца, заминуваат на крајот на сезоната и кариерата ја продолжуваат во други екипи. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk